| четврток, 6 декември 2018 |

Германски гиганти последна пречка кон Келн

Во „Бо­рис Трај­ков­ски“ не вре­дат па­ри­те, не ва­жат ти­ту­ли­те, ре­но­ме­то, ми­на­то­то, ту­ка вла­де­ат Вар­дар, Вар­дар и Ме­та­лург. Це­ли 17 ме­ча ра­ко­мет­ни­от ба­сти­он оста­на пре­ви­сок за си­те го­сти што ни при­стиг­наа од ста­ри­от кон­ти­нент, а ед­но „бот­че“ во Скоп­је е пол­на ка­па и за нај­моќ­ни­те и за нај­ска­пи­те

Sport83-rakomet-3

Ма­ке­до­ни­ја се гор­дее со не­ве­ро­јат­ни­те ра­ко­мет­ни по­тфа­ти на три­лин­гот во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те со­ста­вен од ЖРК и РК Вар­дар и од ма­шка­та еки­па на Ме­та­лург. Скоп­је се­зо­на­ва е цен­тар на ра­ко­мет­на Евро­па, што им пр­ко­си на ги­ган­ти­те од Гер­ма­ни­ја, Шпа­ни­ја, Фран­ци­ја, Дан­ска… На бо­га­ти­те Па­ри Сен Жер­мен, Бар­се­ло­на, Хам­бург, Кол­динг, Лар­вик…

Во „Бо­рис Трај­ков­ски“ не вре­дат па­ри­те, не ва­жат ти­ту­ли­те, ре­но­ме­то, ми­на­то­то, ту­ка вла­де­ат Вар­дар, Вар­дар и Ме­та­лург. Це­ли 17 ме­ча ра­ко­мет­ни­от ба­сти­он оста­на пре­ви­сок за си­те го­сти што ни при­стиг­наа од ста­ри­от кон­ти­нент.

Ги до­че­кав­ме и ис­пра­тив­ме без по­бе­да нај­тро­феј­ни­от европ­ски клуб Бар­се­ло­на, и тоа два­па­ти. Иден­тич­но по­ми­на и нај­бо­га­ти­от во исто­ри­ја­та на ЛШ, Па­ри Сен Жер­мен, со бу­џет од 13,5 ми­ли­о­ни евра. По­раз и ре­ми, ед­но „бот­че“ во Скоп­је е пол­на ка­па и за нај­моќ­ни­те и за нај­ска­пи­те. Се­ри­ја што ќе се па­ме­ти, во при­каз­на­та за ма­ке­дон­ско­то ра­ко­мет­но чу­до за ко­ја со по­се­бен пи­е­тет пи­шу­ва и го­во­ри Ма­ке­до­ни­ја, Бал­ка­нот и Евро­па.

 

Ужи­вај­те Ма­ке­дон­ци!

„Уба­во е да се би­де Бал­ка­нец – Ви бла­го­да­ри­ме Ма­ке­дон­ци“, на­пи­шаа ко­ле­ги­те од Цр­на Го­ра, по по­бе­ди­те на Ме­та­лург во Дан­ска со Кол­динг и сен­за­ци­о­нал­ни­от три­умф на Вар­дар во Хам­бург.На те­рен пад­наа са­мо­бен­ди­са­ни­те Дан­ци и европ­ски­от крал од Гер­ма­ни­ја, а нич­кум па­ѓаа и пор­та­ли­те, најм­но­гу бал­кан­ски и ма­ке­дон­ски.

„Кра­лот пад­на. Вар­дар рас­пи­ша кон­курс за нов европ­ски вла­де­тел“, бе­ше нас­ло­вот на „Бал­кан­хенд­бол“. Моќ­но, не­ма збор. Во сти­лот на Ме­та­лург и две­те еки­пи на Вар­дар во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. Пор­та­лот пад­на под при­ти­сок на чи­та­те­ли­те, ма­ке­дон­ски­те еки­пи оста­наа на но­зе, по­бед­нич­ки, пред на­ле­ти­те на Кол­динг и Хам­бург.

За ус­пе­шен фи­ниш и за­тво­ра­ње на бле­ска­ва­та се­ри­ја, ба­рем за оваа се­зо­на, оста­наа уште два про­тив­ни­ка. Моќ­ни­от Кил, кој ќе игра про­тив Ме­та­лург во че­твр­тфи­на­ле­то, и нез­год­ни­от Фленс­бург, еки­па што во април­ска­та ра­ко­мет­на се­си­ја ќе му се спро­тив­ста­ви на Вар­дар. Го­сти што до­а­ѓа­ат од нај­моќ­на­та др­жа­ва на ста­ри­от кон­ти­нент, Гер­ма­ни­ја, зем­ја со ко­ја Ма­ке­до­ни­ја е на вр­вот на клуп­ски­от ра­ко­мет со по три прет­став­ни­ци во игра за ти­ту­ла­та. Не­што за што со­ну­ва­ат мно­гу по­моќ­ни зем­ји од на­ша­та, ја­ве на кое се ра­ду­ва це­ла Ма­ке­до­ни­ја. Оста­наа са­мо уште два че­ко­ра до за­врш­ни­от тур­нир во Келн, за експ­ло­зи­ја од ра­дост, за не­ви­ден до­стрел, за исто­ри­ја, за по­твр­ду­ва­ње на ма­ке­дон­ска­та ра­ко­мет­на бај­ка. Да­ми­те од Вар­дар ве­ќе се учес­нич­ки на за­врш­ни­от тур­нир во Бу­дим­пе­шта, се на­де­ва­ме на комп­ле­тен ус­пех и на­стап на две­те ма­шки еки­пи во Келн, во „Лан­ксес аре­на“. Ма­ке­до­ни­ја е во ра­ко­ме­тен транс, ќе тре­пе­ри, ќе на­ви­ва и ќе го обои април во „цр­ве­но-цр­но“ и во си­но. Во чест на ју­на­ци­те од Вар­дар и од Ме­та­лург, за да ѝ по­ка­же­ме на Евро­па де­ка и ма­ли­те има­ат шан­са, де­ка би­тки­те не се­ко­гаш ги до­би­ва по­бо­га­ти­от и по­моќ­ни­от.

Sport83-rakomet-2

 

Скоп­ски пе­кол и македонско чистилиште

До­бро е што го из­бег­нав­ме Скоп­је, та­му е пе­кол­на ат­мо­сфе­ра­та и го­сту­ва­ње­то е мош­не нез­год­но, ва­ка се из­јас­ни ле­ген­да­та на Бар­се­ло­на, Ха­ви­ер О`Ка­ла­хан по че­тврт-фи­нал­на­та ждреп­ка. Ужи­ва­ше и тој во ма­ке­дон­ски­от гла­вен град, и тоа во две го­сту­ва­ња во овој цик­лус. За не­ве­ро­јат­ни­от ам­би­ент што во са­ла­та „Бо­рис Трај­ков­ски“ го соз­да­доа вар­да­ро­ви­те на­ви­ва­чи и сим­па­ти­зе­ри­те на Ме­та­лург та­ка се из­јас­ни­ја и Ка­ра­ба­тиќ, Хан­сен, Дув­њак, Аба­ло, поз­на­ти и слав­ни ра­ко­ме­та­ри, ви­стин­ски спорт­ски ѕвез­ди. Вул­ка­нот од три­би­ни­те што го пра­ват шест-се­дум ил­ја­ди тем­пе­ра­мент­ни гле­да­чи бе­ше ос­ми играч и на две­те на­ши еки­пи и ги то­пе­ше ги­ган­ти­те, го­ле­ми­те асо­ви на ра­ко­мет­на­та игра. Скоп­ски пе­кол и чистилиште на ги­ган­ти, не­што што го па­ме­тат и приз­на­ва­ат во Евро­па. И го по­чи­ту­ва­ат, се­ка­ко со ма­ли иск­лу­чо­ци по не­по­треб­ни­те и изо­ли­ра­ни ин­ци­ден­ти.

– Пог­лед­не­те го са­мо пос­лед­ни­от ви­кенд ко­га Ме­та­лург и Вар­дар играа до­ма и сѐ ќе ви би­де јас­но. Два ра­ко­мет­ни нат­пре­ва­ра од Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те во ист град за два де­на, и тоа во пре­пол­на са­ла. Нам ни го­ди, а пре­поз­нат­ли­во е де­ка на­и­де на од­ли­чен при­ем и во ЕХФ, кај ра­ко­мет­ни­те екс­пер­ти, ра­ко­ме­та­ри од си­те про­сто­ри. Се чу­дат ка­ко мо­же в са­бо­та, на при­мер, три­би­ни­те да би­дат обо­е­ни во цр­ве­но-цр­на бо­ја, а след­ни­от ден во иста­та са­ла сѐ да би­де во зна­кот на си­на­та бо­ја. А, на­ви­ва­чи­те и пуб­ли­ка­та не се исти. Две раз­лич­ни еки­пи со раз­лич­ни на­ви­ва­чи и се­ко­гаш со пре­пол­ни три­би­ни. Тоа е ре­ткост во Евро­па во кој би­ло спорт. Скоп­је и Ма­ке­до­ни­ја се не­ка­ко во транс. По­сто­ја­но има вр­ву­ли­ца од су­дии, де­ле­га­ти, ед­ни си одат дру­ги до­а­ѓа­ат. Ме­та­лург и Вар­дар, про­тив Бар­се­ло­на и Па­ри Сен-Жер­мен, и тоа два­па­ти, па го­сту­ва­ње на европ­ски­от пр­вак Хам­бург, дој­де и Кол­динг и се­ко­гаш се игра во пе­ко­лен ам­би­ент. И ни­кој не ус­пеа да нѐ на­ди­гра, да по­бе­ди во Скоп­је. Што е нај­важ­но, си­те се за­до­вол­ни, ре­ткост е да се игра ра­ко­мет во та­ков ам­би­ент – из­ја­ви Ван­чо Ди­мов­ски во ин­терв­ју­то за „Ре­пуб­ли­ка“.

Sport83-rakomet-1

 

Ус­пе­хот е мев­лем за си­те ра­ни, ре­ха­би­ли­та­ци­ја за Ста­ниќ, вто­ра мла­дост на Ву­гри­нец

Ус­пе­хот е мев­лем за си­те ра­ни, а по­го­ле­ма по­твр­да од при­ме­рот на Дар­ко Ста­ниќ, ве­ро­јат­но, и не­ма. Гол­ма­нот на Ме­та­лург во­скрес­на од за­бо­рав со до­а­ѓа­ње­то во Скоп­је, во та­бо­рот на „си­ни­те“ од Авто­ко­ман­да. Бра­не­ше за Ци­мос Ко­пер, кој е поз­нат клуб со со­лид­но ре­но­ме, но Ста­ниќ та­му бе­ше под­за­бо­ра­вен. А зад се­бе има­ше и шест­ме­сеч­на сус­пен­зи­ја по­ра­ди до­пинг.

Ре­ши да ја при­фа­ти по­ну­да­та на Ме­та­лург и по­го­ди џек­пот. Пуб­ли­ка­та по­сто­ја­но ги поз­дра­ву­ва фан­та­стич­ни­те од­бра­ни на 35-го­диш­ни­от гол­ман со ова­ции и со скан­ди­ра­ње на не­го­во­то име. По­го­ди ди­рект­но во цел­та и со од­би­ва­ње­то да за­ми­не во Ге­пин­ген. За мно­гу­ми­на е чуд­но да не са­ка­те да за­ми­не­те во Гер­ма­ни­ја за да оста­не­те во Скоп­је, во ма­ла­та Ма­ке­до­ни­ја. Но, Ста­ниќ по­втор­но пов­ле­че ви­стин­ски по­тег и со Ме­та­лург е на еден че­кор до за­врш­ни­от тур­нир во Келн. Ге­пин­ген е да­ле­ку од Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те, мо­мент­но по­зи­ци­о­ни­ран на 12. ме­сто во Бун­дес­ли­га­та.

Во сли­чен стил е и при­каз­на­та на Ре­на­то Ву­гри­нец. Прв­пат ја од­би по­ка­на­та на Ме­та­лург да го об­ле­че си­ни­от дрес по­ра­ди по­ну­ди од дру­ги европ­ски клу­бо­ви. Ве­ро­јат­но, нор­мал­на ре­ак­ци­ја на по­ра­не­шен европ­ски шам­пи­он. Ву­гри­нец ја освои Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те со Цел­је во 2004 го­ди­на. Што ба­ра во Скоп­је, во Ме­та­лург, во ре­ла­тив­но ма­ла сре­ди­на? Од втор обид пред две го­ди­ни транс­фе­рот се ре­а­ли­зи­ра, а са­мо 24 ме­се­ци по­доц­на, 38-го­диш­ни­от бек на Ме­та­лург има со­се­ма по­и­на­кво мис­ле­ње. Се­га има наш па­сош, ќе игра за ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја и Скоп­је е не­гов втор дом. Со го­ло­ви­те, сти­лот на игра и од­не­су­ва­ње­то, екс­прес­но ста­на оми­лен лик на сим­па­ти­зе­ри­те на ра­ко­ме­тот, осо­бе­но на на­ви­ва­чи­те на Ме­та­лург. Пр­ви­от топ­чи­ја во ЛШ го по­чи­ту­ва­ат и обич­ни­те лу­ѓе и осо­бе­но при­пад­нич­ки­те на по­неж­ни­от пол. Ста­ниќ и Ву­гри­нец, две раз­лич­ни при­каз­ни за ре­ха­би­ли­та­ци­ја и вра­ќа­ње, за ужи­ва­ње во вто­ра­та ра­ко­мет­на мла­дост.

 

Бај­ка за ра­ко­мет­на про­мо­ци­ја

Ма­ке­дон­ска­та ра­ко­мет­на бај­ка на клуп­ски план овоз­мо­жи и про­мо­ци­ја на ду­зи­на ра­ко­ме­та­ри и ра­ко­ме­тар­ки што го но­сат дре­сот на ЖРК и на РК Вар­дар и на Ме­та­лург. На­ста­пи­те во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те но­сат огро­мен „ќар“ за си­те што на­ста­пу­ва­ат со и про­тив ра­ко­мет­на­та ели­та.

Кој го зна­е­ше хр­ват­ски­от ра­ко­ме­тар Игор Ка­ра­чиќ? Хр­ва­тот има топ во ра­ка­та, бле­ска на се­кој меч и тоа про­тив нај­до­бри­те на све­тот. Сти­лот на игра, хра­бро­ста и му­дри­те по­те­зи на не­го­ви­от со­и­грач од Вар­дар, Алекс Дуј­ше­ба­ев, не мо­же да ве оста­ви рам­но­душ­ни. Има са­мо 21 го­ди­на и е ви­стин­ско откро­ве­ние во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. Си­гур­но не оче­ку­ва­те од го­ло­бра­до мом­че од не­ве­ро­јат­но те­шка по­зи­ци­ја да му пре­су­ди на акту­ел­ни­от европ­ски пр­вак и тоа на не­гов те­рен. Алекс го на­пра­ви тоа про­тив Хам­бург, со фе­но­ме­на­лен гол про­тив из­во­нре­ден гол­ман од ка­ли­ба­рот на Јо­ха­нес Би­тер. По­до­бра про­мо­ци­ја на нес­пор­ни­те ква­ли­те­ти, ве­ро­јат­но, и не мо­же­те да по­са­ка­те. За искус­ни­от Ти­мур Ди­би­ров и не­го­ви­те еле­гант­ни прет­ста­ви и го­ло­ви, одам­на знае ра­ко­мет­ни­от свет. Во Скоп­је са­мо по­твр­ди де­ка е го­ле­ма ра­ко­мет­на мар­ка, што дол­го трае. Го­лем по­дем има и кај Лу­ка Цин­дриќ, 20-го­диш­ни­от плеј­меј­кер на Ме­та­лург. Ста­ри­от ли­сец Ли­но Чер­вар уште ед­наш по­твр­ди де­ка е маг за ра­ко­мет, де­ка знае да про­це­ни и да нај­де та­лент и да го раз­вие во ви­стин­ска на­со­ка. Цин­дриќ е откро­ве­ние, игра од­ли­чен ра­ко­мет и е ви­стин­ско за­си­лу­ва­ње за Ме­та­лург.

Што да се ка­же за Ра­ул Гон­за­лес, стра­те­гот на клу­па­та на Вар­дар? Ка­ко мај­стор­ски го на­ди­гра ле­ген­дар­ни­от Мар­тин Швалб за ели­ми­на­ци­ја на Хам­бург. Го ур­на европ­ски­от крал, без да треп­не. Лад­но­кр­вен, а Шпа­нец, по­бед­нич­ка ком­би­на­ци­ја за Вар­дар и за ма­ке­дон­ски­от ра­ко­мет, во уни­кат­на­та при­каз­на за единс­тве­ни­от град со три прет­став­ни­ци во за­врш­ни­ца­та од Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. За Ма­ке­до­ни­ја на вр­вот на клуп­ски­от ра­ко­мет. Во бај­ка­та во ко­ја акте­ри­те по­рас­наа, се над­ми­наа, се про­мо­ви­раа, се ра­ду­ва­ат и нѐ ра­ду­ва­ат и игра­ат не­ве­ро­ја­тен ра­ко­мет.

 

(Пишува: Зоран Поповски
Текст објавен во 83. број на неделникот „Република“, 4.04.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top