Планираните и закажани натпревари од женската ракометна лига на Вардар против екипите на Гевгелија и Овче Поле се откажуваат поради лоши временските услови, соопштија од таборот на македонскиот шаммпион.
Двата натпревари беа закажани за денеска и утре. Со оглед на тоа што Вардар в петок игра натпревар од Лигата на шампионите против Битигхајм, средбите со Гевгелија и со Овче Поле дополнително ќе бидат закажани.
Останува според планираното, барем засега да се одигра средбата меѓу Гевгелија и Вардар јуниор што треба да се игра на 2 или 3 март. И за тој меч дополнително ќе биде утврден терминот за почеток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.