| четврток, 6 декември 2018 |

Карачиќ: Како одминува времето играме се подобро

Игор Карачиќ блеска од меч во меч во дресот на Вардар, а вчера беше најефикасен во полуфиналниот дуел со Загреб, со 8 гола. Вардар го декласира хрватскиот шампион со 30-22, а Карачиќ постигна 8 гола од 10 обиди и беше најзаслужен за триумфот и пласманот во финалето на СЕХА лигата.

„Одигравме квалитетно, машки и Загреб немаше шанса да победи. Имаат добар тим, но во ваква ситуација не можеа да сторат ниѓто повеќе и ова им беше максимум. Тренерот Раул Гонзалес внесе многу новини и свежина во нашата игра и сето тоа дава резултат“, изјави хрватскиот интернационалец во дресот на Вардар.

„Црвено-црните“ ќе играат за нова титула во Регионалната лига, откако беа најдобри во првото издание на СЕХА лигата, а ова ќе им биде трето финале во ист број на циклуси во СЕХА лигата.

Противник во мечот за трофеј ќе им биде Брест Мешков по трилер победата на пенали против Татран Прешов со 31-30. Во финалето Игор ќе игра против својот брат Иван Карачиќ, кој настапува за белорускиот состав. Финалето е в недела од 18,30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top