Март е месец на одлука за македонската репрезентација, а на ред е двомечот против една од најсилните и најталентирани европски селекции, Белгија во квалификациите за светското првенство во Бразил 2014.
На 22. март ќе им бидеме домаќини на Азар, Фелаини, Бентеке, Компани… и останатите ѕвезди од Белгија, а фудбалската федерација на Македонија одлучи претставата на „Филип втори“ арената да чини од 250 до 500 денари. Билетите за источната и западната трибина се по цена од 250 денари, а за централните позиции на Југ и Север ќе треба да се одвои од 350 до 500 денари.
Натпреварот почнува од 20,45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


