| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: И пензионерите јас знаат разликата – СДСМ ниту еднаш не им ги зголеми пензиите

vmro vo skopje 11 (Custom)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски посочи дека има разлика меѓу неговата партија и СДСМ и во однос на одлуката за отворање Универзитет во Штип. СДСм, додаде тој се противеле на идејата на ВМРО-ДПМНЕ како тогашна опозициска партија.

– Знаев дека овој Универзитет ќе биде успешен и тој за неколку години стана втор највисоко рангиран во Македонија, а Штип стана сериозен крупен уиверзитетски град, рече Груевски, набројувајќи ги инвестиците значајни за Штип и регионот во изградба на автопатот Скопје-Штип, клиничката болница, карго аеродорм,….

Груевски направи споредба и со исплаќањето пензии.

– И пензионерите знаат што е да има разлика, затоа што во време на СДСМ ниту еднаш не им беа зголемени пензиите. Ние им ги вративме 8-те проценти,  а просечната пензија порасна за 64 проценти, рече Груевски,  посочувајќи на предвиденото во програмата за зголемување на пензиите, социјалната помош и платите на администрацијата  за 21,5 проценти во наредните четири години.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ побара масовна излезност на изборите в недела за спроведување на програмата со 2.046 проекти и за двојна победа. – ВМРО е партија која што освен тоа што го ветува секогаш реализира и многу повеќе од тоа и многу работи што не ги ветува. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ и затоа ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката на народот. Девет години по ред СДСМ сеуште неможе да разберат зошто ја немаат поддршката на народот. Седум изборни циклуси ја добиваме пдодршката на мнозинството граѓани. И овојпат ќе добиеме двојна победа и во недела и на 27 април, наведе лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top