Во продолжение на својата посета на Тетово, носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за ИЕ 6 , Никола Попоски се сретна со бизнисмени и просветни работници од Тетово.
На средбата со бизнисмените тој ги истакна напорите на ВМРО-ДПМНЕ за привлекување на странски инвестиции и поддршката на развојот на македонските компании преку отворање на нови пазари за извоз. Во тој контекст, тој спомена дека меѓу приоритетите во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ е економијата со висок и одржлив раст и дека и понатаму фокусот ке се задржи на постојаното подобрување на бизнис-климата.
На средбата со просветните работници Попоски го истакна проектот 300.000 нови таблети во образованието кој има за цел да го држи македонското образование во чекор со светските трендови и особено ја пофали работата на просветните работници укажувајќи дека од нивната работа зависи иднината на здрава, бистра, динамична и просперитетна Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





