
Во рамките на својата посета на полошкиот регион, Никола Попоски денеска оствари средби со спортските работници во Гостивар и со претставници на Здружението на телесни инвалиди во Тетово.
На средбата со спортските работници, тој ги истакна заложбите на ВМРО-ДПМНЕ за спортска Македонија, за здрава младина и за напредок во секој спорт каде што имаме потенцијал. Во таа насока тој укажа на досега изградените спортски игралишта, терени и сали и воедно го промовираше проектот 145 училишни спортски сали кој е предвиден во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ “Проверено”, во кој што се влезени и спортски сали во Гостивар и Тетово.
На средбата со лицата со телесен инвалидитет во Тетово, Попоски искажа разбирање и поддршка за нивните потреби и притоа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш излегува во пресрет на потребите на сите граѓани на Република Македонија, вклучително и на лицата со телесен инвалидитет. Попоски ги истакна проектите како “Дополнителна листа на ортопедски помагала” , ” Набавка на помошни уреди за лица со инвалидност” и ” Субвенционирање на вработување на инвалидни лица”, чијашто цел е достоинствен живот на овие лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




