| четврток, 6 декември 2018 |

Хаџи Лега: Владата многу инвестираше во инфраструктурата на здравствениот систем

Владата на Република Македонија во предходните години интензивно работеше на своите приоритети, а еден од тие приоритети беше токму здравјето на македонскиот народ, односно подобрување на квaлитетот на здравствената заштита и здравествените услови.

Ова го истакна директорката на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје Марија Хаџи Лега, во отвореното студио пред минитигот во Штип на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во таа насока беа превземани низа реформи меѓу кои најважни се инвестициите во инфраструктурата на здравствениот ситем. Направено е реновирање на голем број здравствени објекти во Македонија се со цел подигање на квалитетот и стандардите во кои што се пружаат здравствените услуги, истакна Хаџи Лега.

Таа е осбено горда што Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, чекори со најсовремените светски болници со највисоки светски стандарди.

– Покрај Университетската клинка за акушерство, Владата инетнзивно работеше и на реновирање на болничките комплекси во Охрид, Струмица, а започнат е и проектот за изградба на Клиничкиот центар Мајка Тереза во кој што би требало да се вклопи и нашата клиника. Во тек е изградбата на болницата за белодробни заболувања во Козле која е една огромна инвестиција. Главниот објект од новиот Клинички центар претставува инвестиција од 70 милиони евра, потенцираше Хаџи Лега

Владта инвестираше во нова апаратура и нови методологии на клиниките низ Македонија, истакна Хаџи Лега, а многу се вложување и во човеките ресурси. Беше реализирана едукација на голем број доктори во врвни и познати светски центри, а имавме можност да работиме и со врвни експерти од САД.

– Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ има многу нови проекти меѓу кои е едукацијата на лекарите како и секојденвно воведување на нови методи . Во наредниот период е планирано имплементирање на 100 нови методи. Еден од новите преокти е и градење на Банка за мајчино млеко која што ќе помогне во намалувањето на морталиетот и морбидитеот прд се кај предвремно родените дечиња, потенцираше директорката Гинеколошко- акушерската клиника.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top