| четврток, 6 декември 2018 |

Мојсовски: Потајно размислуваме за титулата во ЛШ

Интервју со македонскиот ракометар Наумче Мојсовски, објавено во 8-от број на неделникот „Република“ (26 октомври 2012)

Ка­ко и си­те го­ле­ми свет­ски еки­пи и РК Ме­та­лург е по­ста­вен на не­кол­ку цвр­сти те­ме­ли и точ­ки и на нив е пот­прен во оби­дот да ста­не европ­ска кон­стан­та. По­крај Мин­чо Јор­да­нов, Ли­но Чер­вар и Дар­ко Ста­ниќ, На­ум­че Мој­сов­ски е играч­ки нај­и­зра­зен и мен­тал­но нај­ва­жен за ста­бил­но­ста на клу­бот, кој оваа есен со ре­зул­та­ти­те и со прет­ста­ви­те пле­ни и по­ши­ро­ко од Ма­ке­до­ни­ја. Важ­но­ста на бом­бар­де­рот не е са­мо во тоа ка­ков на­па­ѓач­ки ефект ќе има или кол­ку ќе ѝ по­мог­не на од­бра­на­та да би­де не­про­бој­на, ту­ку, пред сѐ, во си­гур­но­ста. Ко­га тој е ту­ка, пред­во­ди, ос­мис­лу­ва и по­стиг­ну­ва.
Ка­ко и во на­ста­пи­те од Ли­га­та на ра­ко­мет­ни­те шам­пи­о­ни, бе­кот-шу­тер, тоа е нај­е­ле­мен­тар­ни­от опис на по­зи­ци­ја­та на ко­ја игра На­ум­че Мој­сов­ски, и во ин­терв­ју­то за „Ре­пуб­ли­ка“ е брз, експ­ло­зи­вен, раз­но­ви­ден.

Naumce-Mojsovski-2

Мој­сов­ски, мо­же­вте ли во сеп­тем­ври, ко­га трг­ну­ва­вте на ква­ли­фи­ка­ции за Хал­сум, да прет­по­ста­ви­те де­ка ва­ка ќе оди на по­че­то­кот од се­зо­на­та во ЛШ? Има­вте ли то­гаш не­ка­кво чув­ство де­ка ќе би­де тол­ку бле­ска­во?
Мојсовски: Ко­га трг­нав­ме на ква­ли­фи­ка­ци­ски­от тур­нир во Нор­ве­шка имав­ме чув­ство де­ка е мож­но да се слу­чи из­не­на­ду­ва­ње, но, искре­но, ве­ро­јат­но ни­кој не оче­ку­ва­ше ва­кво отво­ра­ње на се­зо­на­та со че­ти­ри по­бе­ди во че­ти­ри нат­пре­ва­ри.

Кол­ку тој ма­кси­ма­лен ефект на по­че­то­кот од ЛШ е ре­а­лен при­каз за со­стој­би­те во гру­па­та Ц и да­ли Ме­та­лург одед­наш ста­на фа­во­рит за ти­ту­ла­та?
МојсовскиЧув­ство­то што зав­ла­деа во еки­па­та и соз­да­ва­ње­то на тој тол­ку по­тре­бен по­бед­нич­ки мен­та­ли­тет си го на­пра­ви сво­е­то. И ние оди­грав­ме до­бро, а искре­но и ра­бо­ти­те ни одеа в при­лог. Впро­чем, ве­ро­јат­но ни­кој не оче­ку­ва­ше Шам­бе­ри и Сил­ке­борг да на­пра­ват гре­шки до­ма, но на­ша­та до­бро по­ста­ве­на­та игра при­до­не­се за та­кви­от ус­пех во гру­па­та Ц. За фа­во­рит е ра­но да се збо­ру­ва иа­ко мно­гу­ми­на, мо­же­би, са­ка­ат да ја упо­тре­бат таа тер­ми­но­ло­ги­ја.

Ви по­ми­ну­ва ли низ гла­ва­та филм за тол­ку го­лем ус­пех ка­ко фај­нал­фор на ЛШ , фи­на­ле, па и по­бе­да?
МојсовскиИскре­но, ни­кој од нас не са­ка да вле­гу­ва во не­ка­кви фил­му­ва­ни со­ни­шта, ние сме про­фе­си­о­нал­ци и се­ко­гаш ги сог­ле­ду­ва­ме ре­ал­но­сти­те. Игра­ме за да по­бе­ди­ме, но си­те зна­е­ме де­ка во се­којд­нев­ни­от жи­вот, па и во спор­тот, по­ра­зот и по­бе­да­та се се­стри, за­тоа би би­ло неб­ла­го­дар­но од­на­пред да ги ка­жам мо­и­те про­це­ни. Ед­но е јас­но, има­ме жел­ба и под­го­тве­ни сме да оди­ме до крај, до за­вр­шен тур­нир, до фи­на­ле и на ти­ту­ла.

Naumce-Mojsovski-4

Кол­ку Ме­та­лург на­пре­ду­вал ре­ал­но? Гле­даш ли ме­ста, ли­нии што до­жи­ве­а­ле дра­сти­чен на­пре­док?
МојсовскиСа­ми мо­же­те да го ви­ди­те на­пре­до­кот на Ме­та­лург и низ игра­та и со ре­зул­та­ти­те. Вид­ли­во е по­до­бру­ва­ње­то на бе­ков­ски­те по­зи­ции, од­бра­на­та е на ви­си­на на за­да­ча­та, а со тоа и кри­ла­та до­би­ја по­лет­ност.

Се­дум ил­ја­ди лу­ѓе во „Бо­рис Трај­ков­ски“ ми­на­та­та са­бо­та за­бе­ле­жаа раз­ли­ка. За прв­пат ве ви­доа да игра­те на ру­ти­на и тоа про­тив ру­ски тим. Ни­ко­гаш Ме­та­лург не изг­ле­дал тол­ку си­гу­рен во сопс­тве­на­та си­ла.
МојсовскиКа­ко тим со­зре­ав­ме со две­го­диш­но­то учес­тво во ЛШ, а до­пол­ни­тел­на мо­ти­ва­ци­ја ни е пол­на­та са­ла и под­др­шка­та од три­би­ни­те. Ни­кој не мо­же да оста­не рам­но­ду­шен на та­ква­та ат­мо­сфе­ра, ко­ја до­пол­ни­тел­но ни да­де си­ла да ја на­пра­ви­ме раз­ли­ка­та со Санкт Пе­тер­бург.

Naumce-Mojsovski-3Тво­е­то искус­тво мо­же да ни по­мог­не. Кол­ку овој ам­би­ент, оваа еу­фо­ри­ја по­тсе­ту­ва на вре­ме­то на Ко­ме­тал Ѓор­че Пе­тров. Не за да зак­лу­чи­ме да­ли европ­ска­та ти­ту­ла ќе дој­де во Скоп­је, ту­ку да про­це­ни­ме да­ли Ме­та­лург и по­на­та­му ќе се раз­ви­ва?
МојсовскиНе мо­жам да ги спо­ре­дам ам­би­ен­тот на Ка­ле со Ко­ме­тал и овој што се соз­да­ва на сред­би­те на Ме­та­лург за­тоа што се од­ви­ва­ат во раз­ли­чен вре­мен­ски пер­и­од. Ус­пе­хот на Ко­ме­тал е, на­ви­сти­на, го­лем и за па­ме­те­ње, но не мо­жам да ја спо­ре­дам и оце­нам таа кон­ку­рен­ци­ја­та со оваа де­неш­на­та. Ме­та­лург има, на­ви­сти­на, се­ри­оз­ни про­тив­ни­ци, оди по на­гор­на ли­ни­ја, до ка­де, ќе ви­ди­ме, иа­ко сме­там де­ка тој кон­ти­ну­и­тет во раз­во­јот е еден од клуч­ни­те мо­мен­ти за ус­пех.

На­ум­че, ду­ри и ти си во сен­ка на Дар­ко Ста­ниќ. Се сог­ла­су­ваш ли и ти со на­ви­ва­чи­те де­ка тој е нај­го­ле­ми­от спор­тист што во­оп­што играл ов­де во си­те спор­то­ви?
МојсовскиСе­кој е ѕвез­да на свој на­чин и пуб­ли­ка­та се­ко­го раз­лич­но го до­жи­ву­ва. Дар­ко Ста­ниќ е вр­вен спор­тист и од­ли­чен гол­ман, но тој, пред сѐ, е до­бар дру­гар и го­лем мо­ти­ва­тор и би мо­жел да се сог­ла­сам со ва­ша­та кон­ста­та­ци­ја.

Ре­на­то Ву­гри­нец блес­на вед­наш по до­а­ѓа­ње­то. Се чи­ни де­ка Ме­та­лург мно­гу до­би со ме­ну­ва­ње­то на дес­на­та бе­ков­ска по­зи­ци­ја. Спо­ред те­бе, кој е по­до­бра оп­ци­ја, Ву­гри­нец или за­ми­на­ти­от Мар­ко­виќ?
МојсовскиСе­ка­ко де­ка Ву­гри­нец е го­ле­мо осве­жу­ва­ње за Ме­та­лург. Мар­ко­виќ е до­бар ра­ко­ме­тар, но со до­а­ѓа­ње на искус­ни­от Сло­ве­нец сѐ трг­на во крај­но по­зи­тив­на на­со­ка во од­нос на кон­цеп­тот на по­ста­ве­ност.

Кол­ку во ус­пе­хот на Ме­та­лург учес­тву­ва од­бра­на­та, а кол­ку на­па­дот? Вие вна­тре нај­до­бро зна­е­те?
МојсовскиИ на­па­дот и од­бра­на­та ра­бо­тат ед­но за дру­го, за­тоа би ре­кол 50-50. Се чи­ни де­ка од­бра­на­та ни е по­сил­на стра­на, но ние се­зо­на­ва да­ва­ме пре­ку 30 го­ло­ви, во про­сек, на нат­пре­вар.

Ка­ко оди со­ра­бо­тка­та со Ли­но Чер­вар? Мно­гу го­ле­ми ими­ња на ед­но ме­сто, во Авто­ко­ман­да, а тој, по де­фи­ни­ци­ја, е го­лем шеф.
МојсовскиЛи­но е го­лем стра­тег и се трг­ну­ва од фа­ктот де­ка од не­го мо­же мно­гу да се на­у­чи. Од та­ков чо­век и тре­нер, ед­но­став­но, ку­пу­ва­те и не пра­шу­ва­те.

Хр­ва­тот истак­ну­ва де­ка рас­те­те во си­те сег­мен­ти. На­пра­ви ни спо­ред­ба кол­ку Ме­та­лург е по­до­бар во ор­га­ни­за­ци­ја­та од пред три или пет го­ди­ни, иа­ко ти то­гаш и не бе­ше во клу­бот?
МојсовскиНе би мо­жел да ка­жам ка­ко би­ло по­ра­но, но за раз­ли­ка од то­гаш клу­бот се­га има мно­гу по­го­лем бу­џет, има лу­ѓе што си ја зна­ат и ис­пол­ну­ва­ат сво­ја­та ра­бо­та на ор­га­ни­за­ци­ски план. За Ме­та­лург мо­же да се ка­же де­ка е ли­дер во мно­гу ка­те­го­рии ме­ѓу ти­мо­ви­те, не са­мо ра­ко­мет­ни, во ре­ги­о­нот. Ние сме, пра­ктич­но, европ­ски на тоа по­ле.

Кол­ку си ти нај­кон­крет­но за­до­во­лен од клу­бот и одат ли па­ра­лел­но екип­ни­те ус­пе­си со лич­на­та са­ти­сфак­ци­ја?
МојсовскиСе­ка­ко де­ка сум за­до­во­лен од клу­бот и од на­чи­нот на функ­ци­о­ни­ра­ње. Са­ти­сфак­ци­ја е да си во еден ва­ков клуб оп­кру­жен со го­ле­ми ими­ња, а кру­на се пос­лед­ни­те ре­зул­та­ти во ЛШ.

Ка­ко се од­ви­ва­ат ра­бо­ти­те во Ме­та­лург, ти би мо­жел да оста­неш ту­ка во не­дог­лед, но има ли ин­те­рес од стран­ски клу­бо­ви. Ги ини­ци­ра­ше ли тво­јот на­стап елит­ни­те еки­пи и нив­ни­те ме­на­џе­ри?
МојсовскиМо­и­те игри не оста­наа не­за­бе­ле­жа­ни, по­ну­ди има и стиг­ну­ва­ат од си­те стра­ни, но за­се­га би са­кал да оста­нам кон­цен­три­ран на учес­тво­то на ЛШ, а за тоа ка­де по­тоа, не­у­мор­но се гри­жи мо­јот ме­на­џер­ски тим.

Naumce-Mojsovski-5

Со 24 го­ла во мо­мен­тов го де­лиш ос­мо­то ме­сто на ли­ста­та на стрел­ци. Те прив­ле­ку­ва ли по­мис­ла­та да исфор­си­раш, па и еки­па­та да оди­гра за те­бе, за нај­до­бар стре­лец во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те?
МојсовскиМе­не најм­но­гу ме ин­те­ре­си­ра тим­ска­та игра, а со тоа и ус­пе­хот на клу­бот. Се­ко­гаш се во­дам по ста­ра­та ед­на ла­сто­вич­ка не ја чи­ни про­лет­та, е се­га не­ма тај­на де­ка и та­кви лич­ни до­стиг­ну­ва­ња дејс­тву­ва­ат мо­ти­ви­рач­ки.

Ќе мо­же­те ли Мој­сов­ски во ол­ку си­лен ри­там це­ла се­зо­на. Во тек е ре­пре­зен­та­тив­на па­у­за, па по­втор­но ЛШ, па СП во Шпа­ни­ја и пос­лед­ни­от дел од нај­е­лит­ни­от клуп­ски нат­пре­вар на кон­ти­нен­тот за кој уште се­га има­те ви­за?
МојсовскиСо до­бри тре­нин­зи, а Ли­но не по­пу­шта, и со пра­вил­на ис­хра­на и со пра­ви­лен жи­во­тен тек, за што, исто та­ка, во клу­бот во­дат сме­тка, се­ка­ко де­ка ќе мо­же. До­бро, има ту­ка и фор­ма и не­што што се на­ре­ку­ва мо­мент во кој тре­ба да се по­го­ди, да се со­ста­ви мо­за­и­кот.

Мо­же­ме ли да про­дол­жи­ме ре­пре­зен­та­тив­но та­му ка­де што за­ста­нав­ме во Бел­град или по тра­си­ра­ни­от пат од стра­на на Ме­та­лург. Што да оче­ку­ва­ме од Се­вил­ја, па и во про­е­кти­ра­но­то ос­ми­на­фи­на­ле во про­дол­же­ние од мун­ди­ја­лот?
МојсовскиЗа­до­волс­тво е и го­лем пре­стиж да се на­ста­пу­ва под др­жав­ни­те бои. На­ша жел­ба е, во нај­ма­ла ра­ка, да го по­вто­ри­ме ус­пе­хот ка­ко на ЕП – Ср­би­ја, но апе­ти­ти­те се­ко­гаш рас­тат и ни­ко­гаш не се знае. Се­вил­ја е го­лем пре­диз­вик, но Бар­се­ло­на е ре­ал­ност!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top