
Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица, Антонио Милошоски, при денешната посета на индустриската зона „Жабени“ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ остварува и во Битола и секаде во Република Македонија, нагласувајќи дека ова е првата Влада којашто носи и привлекува странски инвестиции, и со тоа отвора нови работни места.
Од пред фабриката на „Кромберг и Шуберт“, Милошоски додаде дека станува збор за странска инвестиција за којашто пратениците од СДСМ до пред две-три години кажуваа дека на тоа место нема ниту колиба да може да успее.
– Вчера имавме уште една потврда од германска компанија којашто ќе инвестира во Охрид, а во следниве четири години нашата обврска – моја, на пратениците, на градоначалникот од Битола – е да донесеме дополнителни странски инвестиции од оние коишто Владата ги вети – 30 нови странски инвестиции за четири години. На тој начин ќе ја зголемиме вработеноста, конкуренцијата и ќе живне стопанството во битолскиот крај – порача Милошоски по посетата на „Жабени“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


