| четврток, 6 декември 2018 |

Политички памфлет vs сериозна програма

programiotedve-500

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се су­дри­ја со из­бор­ни­те про­гра­ми. На­пи­ша­но­то и составено­то го из­да­де и тоа што се слу­чу­ва­ло во пар­ти­и­те. Не е во пра­ша­ње само кван­ти­те­тот, ту­ку и ква­ли­те­тот. 384 стра­ни­ци нас­пре­ма 100 – тоа е соодносот са­мо на кван­ти­те­тот на две­те про­гра­ми иа­ко ре­ал­но про­гра­ма­та на СДСМ тежи по­мал­ку од 70 стра­ни­ци, што би да­ло со­од­нос 5:1. По­го­ле­ми­от проблем е во на­пи­ша­но­то. До­де­ка пар­ти­ја­та на Гру­ев­ски ну­ди кон­крет­ни проекти, со ро­ко­ви и прес­ме­тки, кај За­ев до­ми­ни­ра „бор­ба­та за сло­бо­да“. Уште еден ку­ри­о­зи­тет – име­то на ВМРО-ДПМНЕ по­че­сто се спо­ме­ну­ва во про­гра­ма­та на СДСМ откол­ку во про­гра­ма­та на вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја.

Kо­ин­ци­ден­ции не по­сто­јат, но слу­чај­но или не, кај ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се сов­пад­наа бро­е­ви­те на ме­ста­та на гла­сач­ки­те ливчи­ња од ба­ра­жот во ДИК и со­од­но­сот на стра­ни­ци­те на про­гра­ми­те. На лив­чи­ња­та ВМРО-ДПМНЕ до­би број 5, СДСМ број 1. Та­ков е и со­од­но­сот на кван­ти­те­тот, а спо­ред ана­ли­ти­ча­ри­те и на ква­ли­те­тот, на про­гра­ма­та – 5:1. Искрено, на Би­ха­ќка на­ви­сти­на ка­ко да не се ма­че­ле со соз­да­ва­ње­то на програ­ма­та за из­бо­ри­те. Наспре­ма огром­на­та про­гра­ма, ко­ја е одраз на ма­ши­не­ри­ја­та на ВМРО-ДПМНЕ – те­шка це­ли 384 стра­ни­ци, СДСМ, бу­квал­но, излезе со ми­ни-про­гра­ма од „за­о­кру­же­ни“ 100 стра­ни­ци, од кои –ако се од­зе­ме во­ве­дот, мар­ги­ни­те и го­ле­ми­от про­стор за се­кој „столб“, не се со­би­ра­ат ни­ту 70 стра­ни­ци.

-И са­ми­от ли­дер За­ев приз­на де­ка не пла­ни­ра­ле се­га да да­дат пре­диз­бор­на про­гра­ма за­тоа што не пла­ни­ра­ле ни­ту из­бо­ри, а из­не­на­де­ни, очиг­лед­но, оста­наа и твор­ци­те на пи­ша­но­то на позната­та улич­ка, кои за­те­че­ни скле­паа не­што што тре­ба да ли­чи на про­гра­ма. Исто­ри­ски гледано, про­гра­ма­та и онака ни­ко­гаш не би­ла ја­ка стра­на на пар­ти­ја­та во ко­ја ра­бо­ти­те се­ко­гаш се ре­ша­ваа во од и сти­хиј­но. Но­ви­от стил на игра на­мет­нат од про­тив­ни­ци­те те­шко ста­ну­ва дел од со­ци­јал­де­мо­крат­ски­те ели­ти­стич­ки на­ви­ки за „ле­зет“ из­бо­рен на­стап. По мож­ност со ка­фен­це и со му­а­бет, но без на­пор и стре­со­ви, ка­ко не­по­доб­ни и не­поз­на­ти за ста­на­ри­те на оваа згра­да од Би­ха­ќка. Бр­зи­на­та на кре­а­ци­ја­та ја из­да­де и са­мо­то име на пар­ти­ско­то и про­грам­ско ло­го, кое, за жал, из­ле­зе чи­ста ком­пи­ла­ци­ја и пла­ги­јат на пре­диз­бо­рен сло­ган на нај­го­ле­ми­от ри­вал, пишува Република.

Поз­на­ва­чи­те на со­стој­би­те се сог­ла­су­ва­ат за нес­пор­ни­те раз­ли­ки во кон­ци­пи­ра­ње­то на две­те про­гра­ми на пар­ти­и­те кои алу­ди­ра­ат на вла­ста во државава. Проф. д-р Та­ња Карамише­ва-Јованов­ска од Прав­ни­от фа­кул­тет во Скоп­је за Република вели дека проб­ле­мот на СДСМ е што ВМРО-ДПМНЕ со сво­е­то до­се­гаш­но дејс­тву­ва­ње на­пра­ви и на­мет­на стил на по­ли­ти­ка и ра­бо­та кои ја сме­ни­ја прет­ход­на­та пер­цеп­ци­ја на гра­ѓа­ни­те, стил во кој пар­ти­ја­та од Би­ха­ќка те­шко се сна­о­ѓа. СДСМ, ед­но­став­но, не мо­же да се но­си со та­кви­от по­бед­нич­ки стил.

-Не тре­ба да си вр­вен поз­на­вач на по­ли­тич­ки­те при­ли­ки и со­стој­би во Ма­ке­до­ни­ја за да мо­жеш да на­пра­виш спо­ред­ба ме­ѓу тоа што го ну­ди ВМРО-ДПМНЕ ка­ко из­бор­на про­гра­ма, од ед­на стра­на, и тоа што го ну­ди СДСМ, од дру­га стра­на. Не е во пра­ша­ње са­мо кван­ти­те­тот, ту­ку и оригиналноста и со­од­вет­но­ста на про­гра­ма­та на ма­ке­дон­ски­те ус­ло­ви, ве­ли Ка­ра­ка­ми­ше­ва-Јова­нов­ска.

И до­цент до­ктор Иван­ка До­дов­ска од Прав­ни­от фа­кул­тет за неделникот сме­та де­ка кам­па­ња­та за пред­вре­ме­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри поч­на во ед­на ин­те­рес­но поларизи­ра­на по­ли­тич­ка ат­мо­сфе­ра. Тоа што го со­чи­ну­ва пр­ви­от впе­ча­ток во од­нос на са­ми­от старт на пред­вре­ме­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри во Ма­ке­до­ни­ја, спо­ред неа, е во со­се­ма раз­лич­ни­от при­од во се­кој пог­лед со кој пар­ти­и­те од­лу­чи­ја да ги прет­ста­ват сво­и­те по­ли­тич­ки про­гра­ми пред гра­ѓа­ни­те. Про­гра­ма­та на СДСМ ја оце­ну­ва ка­ко евтин по­ли­тич­ки памф­лет, нас­пре­ма се­ри­оз­на­та и комп­лекс­на про­гра­ма на ВМРО-ДПМНЕ.

Целиот текст може да го прочитате во најновото издание на неделникот Република кое излегува денеска 11.04.2014

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top