| четврток, 6 декември 2018 |

Поволни кредити за земјоделското производство

Земјоделските производители за финансирање на производството ќе можат да ги користат кредитите од Македонската банка за поддршка на развојот што досега беа наменети за финансирање на откуп и преработка.

Средствата ќе може да се користат по исклучително поволни услови – каматна стапка од 3 проценти што е најевтина во Македонија и пошироко, а износот на средствата ќе се движи од 300 илјади евра. Доколку земјоделците се одлучат за подигнување на средства со краен рок на отплата до 18 месеци тогаш грејс периодот изнесува шест месеци, а доколку крајниот рок на отплата е пет години грејс периодот за негово враќање изнесува една година. Средствата може да се користат и за инвестиции и за обртни средства, нагласи владиниот портпарол Александар Ѓоргиев.

Ова е една од мерките за унапредување на поддршката на земјоделството усвоена на Владата на последната седница.

Мерка по волја на земјоделците

Мерка по волја на земјоделците

Се воведуваат уште две нови поволности во областа на земјоделското производство. Покрај финансирање на идни набавки ќе може да се финансираат и набавки направени 90 дена пред поднесување на кредитното барање од страна на земјоделците до МБПР.

Другата мерка предвидува пролонгирање на рокот за правдање на наменското искористување на средствата од 30 на 90 дена, а ја имаат предвид специфичноста на откупот и преработката на земјоделските производи како резултат на нивниот сезонски карактер.

При кредитирање на примарното земјоделско производство се финансираат основни и обртни средства за растително и сточарско производство и за нова земјоделска погонска и приклучна механизација. Од вкупно 10,7 милиони евра досега се искористени 3,1, а на располагање на земјоделците остануваат уште 7,6 милиони евра. Новите мерки се на барање на земјоделците и стопанските комори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top