Турската компанија „Феринст“ е заинтересирана за инвестиција во фудбалскиот клуб Пелистер, а денеска во Битола преставници на фирмата ќе го презентираат планот за идни вложувања во еден од најголемите македонски спортски колективи.
„Феринст“ е компанија за производство на железо и легури, а најавено е дека со нив спонзори во ФК Пелистер би биле уште неколку помали турски фирми. Пелистер моментно го дели првото место во македонската Прва лига со 47 бода, идентично колку што има и Работнички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


