| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Филип Јовановски во Отворено графичко студио

Во Отвореното графичко студио при Музејот на град Скопје, вечерва во 20 часот, ќе се отвори самостојна изложба на Филип Јовановски насловена „Силата на спартакистите или моќта на љубовта“. Овој проект претставува инсталација составена од личната архива на фрагменти од неколку авторски проекти коишто го третираат поимот на слободата во различни социјални и политички контексти, коишто авторот ги изложувал во претходните неколку години, и тоа:

1.„Слободата го води народот!“, инсталација, Прима центар Берлин, октомври 2011. (Не зјапајте романтично – Тапани во ноќта, Бертолт Брехт), Три лесни парчиња,  предлог за опера во три чина, инсталација, Центар за култура Битола, декември 2012.

2.„I’m a romantic. I claim there’s no real revolution without free love“ (WR Mysteries of the Organism, Dusan Makavejev), За Општина Центар, акција во јавен простор, Утопии Дистопии, КООПЕРАЦИЈА, април 2013,

3. Ideas of man are the most direct emanations of their material state. Karl Marx

Како крајна фаза на ова дело во форма на инсталација триптих претставува заокружување на двегодишната работа со висококвалификуваните работници кои учествуваат во самата изведба на делото и со тоа во позиционирањето на производството на културата како политичка одлука, а не техничко-организациска, независна од општествени потреби и проблеми. Во последната фаза од процесот како посебна целина е делот во кој во соработка со активисти, работниците веќе учествуваат во изработката на самото дело, учествуваат во процесот на продукција на уметност, го „користат„ занаетот за изработка на уметност како алатка во додефинриање или преиспитуавње на нивната позиција во општеството.

34

Во случајот на сите овие три целини, уметниците „аматери“, работниците „аматери“, активистите „аматери“ стануваат објект, предмет во големата слика на  доминантните позиции на моќ, парадигма во дефинирањето на граѓанската слобода во еден актуелен неолиберален систем.

– Аматеризмот на работниците дозволува тие да сонуваат, гледајќи го сонот како краен политички чин, во најмала рака затоа што додека спијат можат да сонуваат за нешта коишто им се забранети да ги прават додека се на работа, истото што го прави кој било што во моментот е во доминантна позиција на моќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top