
Kандидатите за шеф на државата вечерва во неколку града низ земјава ќе ги одржат последните митинзи пред завршувањето на трката за претседател, по што ќе следуваат саботниот изборен молк и гласањето в недела.
Владејачката партија завршниот собир на кандидатот Ѓорге Иванов ќе го одржи во Штип. Kандидатот на социјалдемократите и коалицијата, Стево Пендаровски, вечерва ќе се претстави пред битолчани. Зоран Поповски, кандидатот на ГРОМ, ќе има завршен митинг во Карпош во „Форца“. Kандидатот за шеф на државата од ДПА, Илијаз Халими, последниот митинг пред молкот ќе го одржи во главниот град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


