
Направена е студија и се прави проектот за градба на топлификација за Битола, преку топлотна енергија која ќе доаѓа од РЕК „Битола“. Многу крупен проект кој, освен Битола, ќе ги опфати и Могила и Новаци, посочи Никола Груевски на синоќешниот митинг во Битпла.
Нагласи дека во изминатите три години ја правеле студијата за оправданост и дека проектот е при крај и многу брзо ќе почне да се гради.
Истакна дека овој крупен проект ќе биде од полза за битолчани, но и за Новаци и Могила, и тоа не само за греење туку и за загревање на земјоделските оранжерии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


