
„Би сакал да сум претседател на сите безразлика на нивната етничка, верска и политичка припадност. Јас сум македонец, христијанин, но сакам да ме гласаат сите“, рече претседателкиот кандидат од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски.
Пред тетовци, рече дека се залагал и ќе се залага да нема делби но и сите меѓусебно да се почитуваат. Меѓуетничките односи се клучната оска на која почива стабилноста на секое мултиетничко општество и од Тетово, Пендаровски порача дека консензус на сите политички чинители е потребен за решаање за спорот на името. Негови приоритети за интегрирање на Македонија во ЕУ и НАТО, смета дека претседателот треба да одговори на сите предизвици да е двигател на сите политики процеси во државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


