
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва ги повика битолчани масовно да излезат и да гласаат за избор на претседател на Република Македонија.
– В недела треба да биде нанесен првиот ногдаун на СДСМ. Ве повикувам масовно да ја испратиме пораката дека со манипулација не се освојува довербата на народот, довербата на народот се освојува со работа, труд, со посветеност, со чесност. Така работеше Ѓорге Иванов, работеше посветено, беше присутен секаде каде што е потребно, во Брисел, Вашингтон, Москва, Берлин, Пекинги ли Лондон, секаде каде што беше значајно за Македонија бидејќи државата му беше пред сѐ. Но, тој беше и во Битола, Скопје, Штип, во селата, насекаде бидејќи тоа е човек од народот и останат со народот – рече Груевски.
Иванов, вели тој, влезе чесно во политика и остана чесен до крајот на мандатот. Груевски додаде дека многумина влегле чесни, но на крајот од мандатот не можеле по улица да прошетаат.
– Ѓорге Иванов остана доследен, стабилен, посветен на работата со чесен приод и со искрен однос кон народот и затоа ќе ја добие поддршката од мнозинството граѓани во Република Македонија – истакна Груевски.
Тој побара 62 пратенички места за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. Според него, програмата „Проверено“ е досега најобемната и најквалитетна, дадена за избори во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


