| четврток, 6 декември 2018 |

Снежни топови на Пелистер за скијање во различни временски услови

Pelister-rep-740x320-top

– Набавена е опрема за битолската клиничка болница вредна 6 милиони евра, а 6 милиони евра СДСМ нема вложено низ цела Македонија во сите нивни мандати. Набавени се нови возила за итната медицинска помош, нови возила за битолската полиција, го воведовме  проектот „Рурален доктор“ кој опфати 51 населено место во Битола, меѓу кои се и Крамани, Крклино, Лажец, Жабени и многу други населени места – посочи вечерва пред битолчани лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Тој зборуваше и за рестартирањето на ски-центарот на Пелистер и најави дека е во план да се направат снежни топови за да може да се скија на Пелистер во различни временски услови и да се развива туризмот.

– Направивме реставрирање на ски-центарот Пелистер, а во наредите 2 години планираме да се направат топови и ново вештачко езеро за вештачки снег за да може и во услови кога нема снег да има скијање, рекреација и, секако, туризам на Пелистер – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пред битолчани.

Пелистер, како што рече, е прекрасно место и многу добро за туризам.

Тој потсети дека во периодот се реконструираа и 9 локални патишта во вкупна должина од 30 километри и инвестициска вредност од 1,5 милиони евра, меѓу кои се и патиштата од населените места Плешево до Братин Дол, Олевени, Велушина и многу други.

– Изграден е и новиот дом за стари лица во Битола, инвестиција вредна 50 милиони денари. Работиме, исто така, на осовременување на факултетот во Битола, добива и ќе добива нови лаборатории – посочи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top