| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Го продолживме животниот век на РЕК Битола, луѓето што таму работат можат да бидат спокојни

ZAR_3148

Во Битола завршивме една крупна работа што на огромен број луѓе што работат во РЕК Битола ќе им го продолжи работниот век, бидејќи се продолжува работниот век на РЕК Битола. Вложивме 56 милиони евра за да се продолжи векот на РЕК Битола за модернизација, без тоа РЕК Битола за кус период ќе згаснеше – истакна пртеседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за време на синоќешниот митинг во Битола.
Тој додаде:

Не само што државата ќе имаше проблем за електрична енергија, туку и оние неколку стотици луѓе што таму работат ќе остане без работа. Саатот отчукуваше кога тогаш тоа ќе се затвореше.

Но, ВМРО-ДПМНЕ, како што нагласи, најде начин, се вложија 56 милиони евра и се продолжи векот на РЕК Битола за најмалку 20 до 25 години.

И тие луѓе што таму работат можат сега да бидат спокојни дека нема таа термоцентрала да застане, порача Груевски од Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top