| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети: Не бараме глас за нешто неостварливо, туку поддршка за оваа наша платформа

goran-kol-09-ahmeti-na-govornica4

Ние треба да ги негуваме стандардите кои не водат кон Европа. Имаме многу услови за развој на земјоделството, индустријата и големи можности да ги поттикнуваме и поддржуваме сите потенцијални инвеститори во земјава. Не сме народ без ресурси, тие треба да се бараат, користат и да се мотивираат. Не бараме глас за нешто неостварливо, туку поддршка за оваа наша платформа, за имплементација на реални работи. Треба многу работа и упорност, така се постигнува се – изл=јави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од вечершниот митинг во дворот на основното училиште во Боговиње.

Од ДУИ потсетија дека в недела нема да излезат на избори.

– Парламентарните избори за нас се многу важни. Ја бараме вашата поддршка за ДУИ да добие уште еден мандат со што ќе ја имплементира целата платформа која е предвидена. Мандатот не го бараме да се спротивставиме на некого, туку да го исполниме ветеното. Во овие избори излегуваме со 1.081 проект што ги опфаќа сите населени места бидејќи сакаме албанскиот глас да се материјализира, а не да се злоупотреби, рече партискиот генерален секретар и шеф на изборниот штаб на ДУИ Абдулаќим Адеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top