| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Наскоро отворање на Факултет за информатички технологии во Битола

ZAR_3159
Во рамките на Универзитетот во Битола наскоро се очекува да биде отворен Факултетот за информатички технологии, кој според Груевски треба да призведе нови кадри кои можат полесно да најдат работа, односно да се самовработат.
Како што самиот Груевски изјави на митингот во Битола, овој Факултет за информатички технологии ќе биде вистински пандан на скопскиот факултет за Информатички технологии.

-Во завршна фаза сме за отворање на новиот факултет при овој Универзитет, факултетот за Информатички технологии за кој што веќе се формираше комисија која треба да ја состави наставната програма и кој што ќе биде сериозен пандан на скопскиот факултет за Информатички технологии. Да се произведат нови кадри кои што полесно ќе можат да најдат работа или да се самовработат. Целта е на ова формирање е да се насочи новиот факултет во тие насоки на информатиката каде што има најмногу работа за луѓето што ќе го завршат, односно каде најлесно се наоѓа работа, изјави Груевски.

Гуревски воедно потенцираше дека Владата работи на подобрувањето на условите за студентите и осовременување на Универзитетот во Битола кој доби и ќе добива лаборатории во иднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top