| четврток, 6 декември 2018 |

Поповски: Мултиетничкото шаренило на Македонија за мене е предност

grom-6

Мултиетничкото шаренило на Македонија за некого е хендикеп, но за мене е предност. Ние само треба да се научиме да живееме заедно, а не едни покрај други. Сиромаштијата, невработеноста се тие што се наши непријатели, ние не сме непријатели едни на други, рече денеска Зоран Поповски, претседателскиот кандидат на Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ) кој беше гостин во Горно Нерези.

Поповски беше придружуван од коалицискиот партнер на ГРОМ, Драгиша Милетиќ од Српската напредна странка, како и од носителот на листата во изборната единица 1, Чедомир Саздовски. Поповски се сретна со граѓани во ова скопско село и со нив ги сподели визиите на Граѓанска опција за Македонија во поглед на меѓуетничкиот соживот.

Милетиќ на средбата со граѓаните рече дека „ако можат Дачиќ и Николиќ во Србија да разговараат со Албанците од Косово, зошто не би можеле ние?”
„Сите треба да знаеме дека ние имаме нешто што ни е заедничко, тоа е нашата земја”, рече Милети

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top