Два милионa евра се достапни до крајот на годината за иновации и технолошки развој преку новоформираниот Фонд за иновации. Квалитетот ќе
биде единствен критериум за поддршка на проектите, а првите се очекуваат во септември годинава. Од денеска во наредниот период Фондот почнува со информирање за инструментите што се нудат.
– Ќе се пристапи кон комплетно информирање на сите субјекти, индивидуални или правни кои сакаат да се вклучат во овој процес, а со цел да добиеме што поквалитетни апликации и проекти – изјави минситерот за образование и наука Спиро Ристовски пред денешната прва средба со Сојузот на стопански комори.
Тој додаде дека за државата овој проецес е важен бидејѓи значи директно поврзување на иноваторите со компаниите кое ќе донесе до зголемување на увозот и извозот и до директен развој.
Директорка на Фондот е Јасмина Поповска која посочи дека целата на оваа и на серијата средби што ќе следат е да се подготват што поквалитетни проекти.
– Вложуваме, поттикнуваме и промовираме иновации бидејќи тие се основа на една економија базирана на знаење и кои треба да придонесат кон поголем економски раст и повеќе работнби места – истакна Поповска.
Извори на финансирање се Светска банка од каде се обезбедени 9 милиони евра, од основниот буџет и 1 процент од Програмата за рурален развој. Според неа секоја година ќе се прави план, а зависи од квалитетот на проектите колку ќе се искористат.
Максималната сума која може да се добие од Фондот е до 30 илјади евра за старт ап бизнис, 100 илјади евра за инструментот за комерцијализација на иновации, 200 илјди евра максимум за трансфер на технологија и за акцелератори 500 илјади евра.
Поповска посочи дека покрај овие основни грантови, има и за програми за кофинансирање.
Формирањето на фондот е барање на бизнис заедницата. Според претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Златко Калеников тој треба да претставува еден линк за поврзување на македонските компании и иноваторите.
– Македонските компании се доста иноватовни, но недостасуваше еден линг меѓу иноваторите и бизнис секторото и се надевам дека овој линк сега ќе се воспсотави преку овој Фонд, кој ние го баравме долго време – изјави Калеников.
Очекува на средбата да се запознаат колку понудените инструменти на фондот можат да придонесат за развој на малите и средните претпријатија.
Фондот за иновации е основан во декември минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.