| четврток, 6 декември 2018 |

Најризични авиопревозници во светот

tam airlines

Летањето со авион во 2012 година било најмалку опасно од 1945 година наваму, но тоа не значи дека сите авиопревозници се еднакво безбедни.

Центарот за проценка на авионски несреќи (The Jet Airliner Crash Data Evaluation Centre – JACDEC), кој ги собира информациите за авионските несреќи и безбедност, објави годишна листа на безбедност.

Листата ги рангира компаниите според број на поединечни смртоносни летови, вкупни загуби на човечки животи во последните 30 години, колкумина отпуштиле од работа во последно време, и колку летови реализирале без инцидент.

Од 60 рангирани авиопревозници, издвоени се десетте најризични, вклучувајќи го бројот на жртви и колку поединечни инциденти имало.

10 – SkyWest Airlines: 3 падови; 22 мртви

9 – South African Airways: 1 пад; 159 мртви

8 – Thai Airways International: 5 падови; 309 мртви

7 – Turkish Airlines: 6 падови, 188 мртви

6 – Saudia: 4 падови;310 мртви

5 – Korean Air: 9 падови; 687 мртви

4 – GOL Transportes Aéreos: 1 пад; 154 мртви

3 – Air India: 3 падови; 329 мртви

2 – TAM Airlines: 6 падови;336 мртви

1 – China Airlines: 8 падови; 755 мртви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top