| четврток, 6 декември 2018 |

Алцхајмерова болест: Каква храна да се избегнува за да не се појави

Пред да се дијагностицира Алцјармеровата болест докторите проверуваат дали има други причини за губиток на меморијата – инфекција, анемија, депресија, удар, проблеми со тироидната жлезда, тумор на мозокот или контраиндикации од земањето на одреден лек Случаите од чисто генетска природа се ретки. Колку и да е тешка Алцхајмеровата болест, сепак постои можност да го намалите ризикот од неа.

Намалете го внесот на заситени масти. Ова се масти кои што се наоѓаат во храна како што се сланината или стекот. Една студија покажала дека оние што консумираат околу 25 грама заситени масти дневно, двојно повеќе се изложени на ризик да развијат Алцхајмерова болест од оние кои што јаделе двојно помалку заситени масти. Иако повеќето растителни масла се со ниска вредност на заситени масти, палминото и кокосовото масло се натрупани со нив.

Одбегнувајте делумно хидрогенизирани масти. Овие масти се наоѓаат најчесто во тестенините. Како и заситените масти и овој тип на масти се поврзуваат со појавата на Алцхајмерова болест, па препорачливо е да ги избегнувате.

Внесувајте Б витамини. Фолната киселина, како и Б6 и Б12 витамините му помагаат на телото да се ослободи од хомоцистинот, супстанца која се наоѓа во крвта а се поврзува со Алцхајмеровата болест и болести на срцето, како и со холестеролот. Зелениот зеленчук содржи фолна киселина. Житарките и муслите исто така содржат фолна киселина. Извори на витамин Б6, пак, се гравот, бананите, јаткастите плодови и компирот. Витаминот Б12, пак, може да се прими преку соиното млеко или кој било мултивитамински суплемент на исхраната.

Оние кои што консумираат алкохол во умерени дози, обично имаат помал ризик да заболат од Алцхајмер, во споредба со оние кои што воопшто не пијат. Но, доколку ја надминете дозата од три чашки алкохол дневно, ризиците за здравјето значително се зголемуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top