| четврток, 6 декември 2018 |

Добри причини зошто понекогаш да ризикувате

Луѓето обично не сакаат да ризикуваат и на ризикот гледаат како на нешто негативно, но многу често не се во право. Секој ризик носи важна животна лекција.

rizik

Особено за жените важи правилото дека многу не сакаат да ризикуваат. Но еве зошто треба да заборавите на стравот и да не се плашите да ризикувате:

Прилики
Луѓето имаат тенденција да не превземаат ризици, затоа што на ризикот гледаат како на нешто негативно, но многу често забораваат на одличните прилики кои можат да се појават во ризичните ситуации. Нормално дека не се исплати секој ризик, но некои навистина имаат добар крај.

Самодоверба
Превземањето ризик ви дава можност да научите да се истакнете и да се претставите како водач, а не само како следбеник задоволен со таквиот статус кво.

Лекција
Секој ризик ви носи важна животна лекција, а тоа е непроценливо.

Ништо не е едноставно
Како и сѐ останато во животот, така ни успехот нема да дојде сам од себе. Ако излезете од вашата „зона на комфорот“ ви се отвараат и некои дополнителни можности, како и шанси да се уверите колку сте способни, а колку уште имате да учите.

Страв од неуспех
Прифаќањето ризици ќе ви помогне да го совладате стравот од неуспех, кој е голема пречка за успех.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top