
Автомобил влетал во градинка во Флорида при што едно дете загина, а 11 деца и едно возрасно лице се повредени. Едно од децата е во критична состојба, а десет се во тешка состојба, изјавија од локалната болница.
Несреќата се случила кога џип налетал на друго возило, кое потоа удрило во детската градинка во градот Винтер Парк, соопштила портпаролката на сообраќајната полиција Ванда Дијаз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


