
Фото: Ѓ.Личовски
Кандидатот за претседател од ГРОМ, Зоран Поповски, синоќа се обрати пред жителите на скопската населба Аеродром на кои им вети дека, доколку го добие мандатот за претседател, ќе се залага за независна и одговорна администрација, нови правила на игра во економијата, разбирање и демократија.
„Македонија ќе ја развиваме како демократска земја преку вистински политички дијалог чиј модератор ќе биде претседателот на државата. Сакам да ги отвориме медиумите за позитивни информации, а не за постојани препукувања на што сме сведоци секој ден. Сакаме да воспоставиме пракса според која ќе можат луѓето, различните целни групи да се обраќаат до претседателот барајќи помош. Сакам да бидам гласноговорник на граѓаните и нивен адвокат пред органите на власта”, нагласи Поповски.
Претседателскиот кандидат Поповски претходно оствари средби со занаетчии во Старата скопска чаршија, како и со жители на Кадино, општина Илинден, а посети и неколку штандови на Саемот на книгата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


