| четврток, 6 декември 2018 |

„Слава на буквите“ изложба на Зоран Илиќ во Домот на АРМ

Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во галерискиот простор при Домот на Армијата вечерва во 20 часот ќе се отвори изложбата „Слава на буквите“ на српскиот академски уметник Зоран Илиќ. Ова е негово деветнаесетто по ред самостојно претставување. Станува збор за  дела од неговиот најнов циклус „Слава на буквите“, кој го работи во последниве неколку години.

Зоран Илиќ во 1985 година завршува Факултет за применети уметности во Белград. Работи како доцент на Факултетот за уметности во Приштина и како професор на Факултетот за уметности во Ниш.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top