Предвидено е менување на наставните програми во делот на природните науки и математиката, истакна на вечерашниот митинг во Струмица претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, која ја промовираше овата програма каде се најавуваат и промените во образованието.
– Програмите ќе се менуваат со превземање на природните науки и математиката од Кембриџ, најсовремената во моментов институција за правење на наставни програми – посочи Груевски.
Груевски воедно нагласи дека предвидена е набавка на 300.000 таблет компјутери со тастатура како замена на постојните компјутери за учениците.
Пред струмичани промовирајќи ја новата програма, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека истата е најобемна, содржи 2046 проекти во кои може да се пронајде секој граѓанин. Тој ги повка присутните на вечерашниот митинг да не се колебаат и да одат на проверено, бидејќи како што рече, тие како партија докажале дека довербата ја ценат и дека дадениот збор мора да го исполнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.