| четврток, 6 декември 2018 |

Нови 100 милиони евра за компаниите со субвенционирана камата

За компаниите ветуваме нови 100 милиони евра кредити со субвенционирана камата од пет ипол отсто, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг во Струмица, каде ја промовираше новата партиска програма

– Ова беше еден од клучните чекори што ги направивме за време на кризата. Кога сите очекуваа, кога почна светската криза и европската должничка криза дека каматите на кредитите ќе пораснат на 10 и 15 отсто затоа што така беше во другите држави, ние владиниот тим најдовме решение за изнаоѓање на кредитни линии и за нивно субвенционирање, па наместо 10 или 15 отсто фирмите почнаа да плаќаат пониска камата и од таа што ја плаќале пред да започне кризата. Со цел да помогнеме во време на кризата да не дојде до отпуштање на вработените и со тоа зголемување на невработеноста – посочи Груевски.

Тој нагласи дека стратегијата успеала и наместо да расте невработеноста, сред криза со субвенционирани камати, таа се намалила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top