| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Проекти за наводнување на нови 24.350 хектари земјоделско земјиште

zemjodelci

Инвестициски проекти за наводнување на нови 24.350 хектари земјоделско земјиште на територијата на цела Македонија најави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ промовирајќи ја новата програма „Проверено“ на митингот во Струмица.
-Во новата програма планираме и засилени инвестиции за проширување и рехабилитација за сите постојни хидро системи во државата кои што се запуштени. Направивме десет годишен план и секоја година утврдивме колкав буџет ќе ни треба за десет години, не само да ја обновиме и рехабилитираме мрежата за наводнување, туку да градиме и нови мрежи како примарна така и секундарна и терцијална мрежа за наводнување, посочи Груевски.

Тој истакна дека овој проект ќе се спроведе бидејќи знаат дека тоа во моментов тоа е еден од најгорливите проблеми на земјоделците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top