Неколку судии и обвинители од Европската мисија во Косово (ЕУЛЕКС) ангажирани во случаите за воени злосторства, се под истрага дека примале поткуп од локални адвокати, јави косовската телевизија РТК.
Според телевизијата, меѓу осомничените се и поранешниот обвинител Маурицио Салустро и судијата Франческо Фиори, кои се товарат за корупција, примање мито и злоупотреба на службената положба.
Истрагата ја води специјален тим во кој се вклучени меѓународни и косовски обвинители, наведува РТК.
Инаку, Салустро од пред неколку недели е советник на Специјалното обвинителство за воени злосторства на Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
ГРЕКО: Македонија спровела само шест од 19 препораки за борба против корупцијата, резултатите разочарувачки
-
СП 2018: Познати судиите за полуфиналните дуели на Мундијалот 2018
-
Браво за СДСМ, и Африка стана подобра од Македонија!