Косово ќе праќа експерти да го подучуваат Заев за антикорупциска политика! Mакедонија е на 107 место на глобалниот индекс за перцепција на корупцијата и истото го дели со Ерменија, Етиопија и Виетнам. Подобро пласирани од нас се Танзанија, Монголија, Брегот на Слоновата коска, Бахреин. Тие го делат 103 место. Подобро пласирани од нив се Замбија Тајланд, Перу, Панама, Индонезија, Колумбија и Бразил. Или тие се на 96 местото.
Албанија пак рекордер во Европа по нелегално одгледување марихуана, тука е познатиот Лазарат познато како фабрика за марихуана, Босна и Херцеговина, Гвајана, Шри Ланка, Тимор Лиесте се на 91 место. Свазиланд, Косово и Бенин и некои други се на 85 местото.
Како тргнала работата Косово и Бенин, веќе се во позиција да праќаат консултанти за справување со корупција во земјава каде премерот Зоран Заев жив е фатен во корупција, за кого има и предмет во судот, а тој си седи во премиерската фотеља. Но, не е само тоа тој беше помилуван минатата декада во 2008 година за случајот „Глобал“ или сомнениее за криминал во тежина од 8 милиони евра од тогашниот претседател Бранко Црвенковски.
Е кога африканските земји се толку добри или пред нас, а важат за земји на континент што се одликува со недоволенн стопански развој, со следниве фотографии ќе ви илустрираме како се живее таму. Зошто некој ќе рече се лаже, ама фотографиите не лажат.
На Инстаграм имам посебна група која се нарекува Богатите деца на Африка. Еве само неколку фотографии од нив, и од нив сами изведете заклучок.
На видеово пак е претставен животот во Африка.
Очигледно е дека огромниот пад од 17 места на индексот на корупција за 2017 година, за Македонија, објавен од Транспаренси интернешенал се должи на владата предводена од СДСМ и корупциските афери кои таа ги создаде за многу краток период покажувајќуи зошто и била потребна власта. Значи дошле „ептен подготвени“ на власт со „добро спремен план кој дава резултат“. А тоа е пад од неверојатни 17 места на индексот за перцепција на корупцијата.
За земјите од регионот кои не се дел од ЕУ, како на пример Србија, бројките го кажуваат следното, земјата е на 77 место заедно со Кина на пример која е дел од БРИКС, група земји кои важат за предводникво економскиот развој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ГРЕКО: Македонија спровела само шест од 19 препораки за борба против корупцијата, резултатите разочарувачки
-
Уште сме на почетокот: Проблемите во економијата ќе продолжат да се продлабочуваат
-
Мерките на владата поразителни: Лелеци во текстилната и кожарската индустрија која вработува 40.000 луѓе
-
Ќе одите на одмор во Грција? Еве какви се цените…