„Книгата се љуби без болка“, „Читањето книги е од љубов (кон книгата), а не граѓанска обврска“ се дел од пораките кои се запишани на таблата во Управната зграда на Скопски саем каде што е во тек Саемот на книгата кој ќе трае до 14 април.
Под мотото „Саемот на книгата – саем на љубовта кон пишаниот збор“ свечено беше отворен 26. Меѓународен Саем на книгата.
За време на саемот ќе биде организирана и кампања на фејсбук на тема: „Прати најљубовна порака поврзана со книгата и пишаниот збор, на фејсбукот на Скопски саем и добиј книга”, а во рамките на кампањата ќе бидат доделени 100 книги на „авторите“ на најубавите љубовни пораки.
Со поддршка од Министерството за култура и годинава продолжува и веќе традиционалната акција „Подари книга, подари богатство”, која има за цел поттикнување на подарувањето на книга посебно кај младата популација како најсоодветен подарок за сите пригоди.
фото: Александар Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.