| четврток, 6 декември 2018 |

Милан Поповиќ: Како на детето да му ја објаснам домашната порноснимка на Северина?

Milan-i-Severina-sa-sinom-Aleksandrom

Српскиот бизнисмен Милан Поповиќ проговори за односот со хрватската пејачка Северина велејќи дека срцето му велело оти таа „не е вистинската“, но Северина токму тогаш останала бремена.

– Не мислам дека е грешка што бев со Северина. Немаме право да размислуваме на тој начин. Тоа се тие животни лекции кои мора да ги научиме. Мислам дека многу научив сево ова време. Свесно останав да бидам со Северина и во меѓувреме таа забремени, така што нашата врска се префрли на едно друго ниво – изјави Поповиќ за „Блиц“.

Тој признава дека има внатршни немири и оти се преиспитува.

– Од една страна срцето ми вели дека не сакам да бидам со неа, а од друга, имам дете со таа личност. Но, како да му објаснам на синот дека мајка му има домашно порно-снимка? – вели Поповиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top