Германската влада одобри денеска предлог-закон што ќе овозможи на младите Германци од странско потекло да имаат двојно државјанство.
– Тоа е убав сигнал за многу млади луѓе во нашата земја. Стотици илјади луѓе можат да здивнат – изјави Ајдан Јозогуз, германски федерален комесар за прашањата за миграцијата, бегалците и интеграцијата.
– Задоволен сум дека во иднина многу млади луѓе нема да треба да избираат против националноста на родителите дури и да станат странци во сопствената земја – додаде таа.
Владиното одобрение за двојно државјанство дава зелено светло на важен проект на левоцентристичката Германска социјалдемократска партија, која ја дели власта со конзервативците на Ангела Меркел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.