Во минатите програми на ВМРО ДПМНЕ приоритет беше образованието на младите, а сега акцентот е ставен на вработувањето „Ослободување на плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување на младите лица до 27 години”. Ова го изјави Славе Гошев, член на ВМРО ДМПНЕ, кој денеска на прес конференција ги промовираше прокетите псоветени на младите во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ за престојните парламентарни избори, потенцирајќи дека програмата „Проверено“ на ВМРО-ДПМНЕ предвидува редица проекти за младите.
– Пред неколку години приоритет на програмата на ВМРО-ДПМНЕ беше образованието на младите. Се отворија нови факултети во градовите и се отворија нови училишта. Преку проект на Владата на ВМРО-ДПМНЕ Струмица стана академски град. Денес, неколку години по успешните мерки пред нас се наметнува други предизвици и приоритет на унапредување на стандардот на младите, посочи Гошев.
Тој потенцираше дека новата програма на ВМРО-ДПМНЕ планира мерки во кои младите полесно ќе може да се вработат.
– Во програмата „Проверено“, акцентот е ставен на вработување на младите преку проектот „Ослободување на плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување на младите лица до 27 години”, додаде Гошев.
Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, како што нагласи е и проектот „Прва шанса“ кој предвидува надомест од 13.000 денари месечно во првите три месеци од вработувањето на млади.
– Во наредниот период пролжуваме со проектот самовработување, проект кој го користат многу млади струмичани, а кој ќе продолжи и во иднина. Предвидено е субвенционирање на стопански субјекти кој ќе вработуваат млади лица, практиканство на млади лица во фирмите и волонтирање во текот на летото на младите лица во јавни институции. Младите слободните работни мести ќе можат да ги следат на веб- сајтот прв.мк, посочи Гошев.
Додаде и дека со овие проекти се решава најболното прашање на младите по завршувањето на образованието.
– Нашата програма покрај вработувањето на млади ќе стави акцент и на здравиот физички развој на младите лица. Програмата Проверено на ВМРО-ДПМНЕ за младите во Струмица доколку општината ги даде потребните одобренија за градба ќе направи 4 тениски игралишта, ќе направи игралиште за фудбал со вештачка трева и две повеќенамески маалски игралишта. Токму поради тоа младите знаат да препознаат кој вистински се грижи за нивната иднина и умеат да направат разлика, порача Гошев.
Гошев ги повика младите од Струмица да ја подржат политиката на ВМРО-ДПМНЕ за нивната иднина и на 27 април да го дадат својот глас за број 5 за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.