| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата не пронашла ништо сомнително во домот на ќерката на Боб Гелдоф

Peaches Geldof-692085

Полицијата потврди дека во домот на 25-годишната Пичес Гелдоф, ќерката на познатиот музичар Боб Гелдоф која почина ненадејно, не се пронајдени тешки дроги, ниту пораки, а на нејзиното тело нема повреди.

Спрецијален тим на полицијата, вклучувајќи и полициски кучиња, го пребаруваат поседот на Пичес Гелдоф, во случај да најдат нешто соминително, некоја трага која ќе ги наведе на ненадејната смрт на британската џет-сетерка и водителка.

Четири дена пред смртта, Гелдоф постирала неколку фотографии на својот профил на социјлната мрежа инстагра на кои се гледа како ужива во коктелите за време на ручек со двајца пријатели.

– Изгледа среќна и задоволна – пишува весникот „Мирор“.

За сега, смртта на Гелдоф се третира како необјаснива и како изненадувачка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top