Едвард Сноуден, поранешниот соработник на американската Национална безбедносна агенција изјави дека немал намера да ѝ наштети на американската Влада туку напротив – сакал да ја подобри нејзината работа.
Во обраќање во живо преку видео-линк на конференција на ПССЕ, Сноуден рече дека масовното шпионирање се спроведува на глобално ниво и активно се користи за следење, пресретнување и надгледување недолжни лица, без одобрување.
Предупредувајќи дека се следат милијарди приватни разговори тој констатираше дека станува збор за кршење на човекови права и најголема закана за граѓанските права.
Тој вели дека НСА намерно непочитувала закони за приватност на држави членки на Еу и оцени дека масовното шпионирање предизвикува слабо либерални и слабо безбедни општества. НСА како што објасни тој не учествува во „кошмарни сценарија“ со листи на луѓе што треба да се уапсат, но учествува во активности кои влијаат на човековите права. Додаде дека Агенцијата користи технологија заснована на отисците на прсти за да идентификува и следи недолжни граѓани ширум ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.