Економскиот развој на Република Македонија, преку промовирање на економските потенцијали и инвестициски поволности, ќе бидат во фокусот на претседателскиот кандидат на ВМРО – ДПМНЕ Ѓорге Иванов.
Целта, како што истакна Иванов на денешните средби со жителите од населбите Бутел и Радишани, е унапредување на животниот стандард на населението и создавање подобри перспективи за младите во државата.
За време на посетата на општина Бутел, Иванов беше придружуван од министерката за внатрешни работи и носител на изборната единица 2 од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, а остварија средба и со здружението на пезниоери во општината
Жителите на општина Бутел ја поздравија посетата на Иванов и ги поддржаа неговите предизборни активности. Граѓаните изразија задоволство од досегашната негова работа, ставови и политики во одбрана на државното единство и македонскиот идентитет, како и целите и приоритетите во изборната програма. Тие ја поздравија реализацијата на проектите во општината, како што се изградбата на спортски терени, фудбалски игралишта и паркови на територијата и новото основно училиште „Живко Брајковски“ во населбата Бутел 1.
Пензионерите ги поздравија мерките, што ги презема Владата за подобрување на нивниот статус, како што е континуираното покачување на пензиите и другите поволности за користење на јавен автобуски превоз, бесплатна бањско-климатска рекреација,…
Грижата кон старите лица, според Иванов, е обврска на сите и на државата и со целосно спроведување на Националната стратегија за старите лица ќе се придонесе за унапредување на положбата на пензионерите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.