| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона сака да игра во ракометната СЕХА-лига!

seha_liga_ogo

Шпанскиот ракометен гигант Барселона изразил желба да биде дел од регионалната, СЕХА-лига! За ова се разговарало меѓу Анте Анчиќ, главниот менаџер на хрватскиот првак Загреб и првите луѓе на Барселона.

– Со оглед дека шпанската Лига станува послаба, Барселона покажа интересирање да биде дел од СЕХЛ-лигата во која би учестувале и клубови од Полска, Унгарија и Словенија би била најсилна Лига во светот – изјави Анчиќ за хрватските медиуми.

Во моментов во оваа лига се натпреваруваат двата најдобри македонски клуба Вардар про и Металург. Токму тие лани се најдоа во завршницата на Лигата која ја освоија „црвено-црните“.

Преговорите ќе продолжат во Скопје, во средината на април за кога е закажана завршницата на Лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top