Телевизиската презентерка Пичис Гелдоф , ќерката на музичарот Боб Гелдоф е пронајдена мртва во нејзиниот дом, пренесува Би-Би-Си.
Како што соопштуваат од полицијата причините за смртта на Гелдоф се уште не се познати.
Пичис Гелдоф е родена во 1989 година, а медиумската кариера ја започна на 15 годишна возраст, кога започна со пишување колумни во „Elle“ магазинот. Таа остави зад себе два сина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.