| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Ќе ја вратиме средната класа во Македонија

pendarovski i zaev secerinska 1 (Custom)

Лидерот на СДСМ Зоран Заев и заменик претседателот Радмила Шекеринска заедно со носителот на изборната листа Хари Локвенец и кандидатите за пратеници од четвртата Изборна единица денеска имаа средби со граѓаните од Струмичко пред кои беше претставена изборната програма „Промени за нов почеток“.

На средбата со граѓаните пред ОУ „Никола Вапцаров“ во Струмица Заев истакна дека нивниот кандидат за претседател, Стево Пендаровски ќе влезе во вториот круг и на 13 април ќе ја најави големата промена на власта што ќе се случи на парламентарните избори на 27 април.

Тој посочи дека како опозиција СДСМ имаше време да се стабилизира и да се соедини и додаде дека сега е подготвена да ја преземе власта и иднината на Македонија.

– Генералниот концепт за враќање на средната класа има за цел да ги врати парите назад кон граѓаните. Концептот има две цели од кои првата е целосно да ги растовари граѓаните од измислените модерни давачки, да ги ослободиме земјоделците од персоналниот данок, да се зголеми за 40 отсто социјалната помош, да се укине радиодифузната давачка за социјалните случаи,… Втората цел е директно да ги враќаме парите во секое семејство од ДДВ. Така ќе вратиме 130 милиони евра – рече Заев.

Како премиер на Република Македонија, нагласи, ќе изградам автопат од бугарската граница до Струмица, па преку Вељуса до Удово и ќе извршам целосна гасификација на струмичкото поле.

На средбите со граѓаните зборуваа и кандидатите за пратеници, Марјан Даскаловски и Панче Орцев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top