| четврток, 6 декември 2018 |

Бер: САД нема да го признае референдумот во Донецк

belata kuka

САД нема да го признаат референдумот во Донецк, ако тој не е во согласност со Уставот на Украина, изјави американскиот постојан претставник во Органiзацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) Даниел Бер.

Тој посочи оти „секој референдум кој не е во согласност со Уставот и го крши законот ќе биде сметан за незаконски и како дел од политичкиот театар“.

Пратениците во Регионален совет на источноукраинскиот град Донецк денеска прогласија создавање на „Донецка Народна Република“.

– Републиката ќе ги воспоставува своите односи согласно меѓународното право и врз основа на еднаквноста и вземното почитување. Територијата во рамки на признатите граници е неделива и суверена, се наведува во „Декларацијата за државната самостојност на Донецката Народна Република“.

Пратениците се обратија кон рускиот претседател Владимир Путин со барање да испрати привремен мировен контингент во реонот на Донецк.

Пратениците, исто така, донесоа одлука за одржување референдум за влез на регионот во составот на Руската Федерација, не подоцна од 11 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top