Носителот на листата во ИЕ 5 од коалицијата „Достоинство за Македонија“, Стојанче Ангелов, денеска во Битола ги претстави програмските определби и активностите на пратениците што очекува да бидат избрани од коалиција на претстојните парламентарни избори. На прес-конференција Ангелов најави дека пратениците од „Достоинство за Македонија“ во првите 6 месеци од својот мандат ќе поднесат резолуција за укинување на признавањето на Косово сѐ додека Албанија не ја признае Македонија под уставното име.
– Ќе предложиме закон за укинување на Законот за територијална организација од 2004 година со што ќе биде исправена неправдата кон Македонците од Струга и Кичево и враќање на овие општини во нивните поранешни граници. Ќе предложиме закон за поништување на автентичното толкување на Законот за амнестија со кој беа ослободени злосторниците опфатени со хашките случаеви и нивно изведување пред суд, Закон за забрана на вршење на јавни функции на поранешните припадници на УЧК, односно забрана да бидат избрани за пратеници, министри, општински советници, директори на јавни претпријатија – рече Ангелов.
Тој најави дека планиарат да покренат повеќе иницијативи, меѓу кои, како што рече, за постепено делумно укинување на Охридскиот договор, за измена на Законот за бранителите, за пронаоѓање на местата на кои што се закопани киднапираните и убиени Македонци во 2001 година, како и закони за правилно обесштетување на раселените лица и за семејствата на бранителите од 2001 година….
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.