| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија од вториот барабан во квалификациите за ЕП

Македонската ракометна репрезентација в петок ќе ги дознае противниците во квалификациската група за пласман на ЕП 2016 година во Полска.
Нашата репрезентација е сместена во вториот барабан заедно со репрезентациите на Исланд, Германија, Русија, Шведска, Белорусија и на Норвешка.
Во квалификациите ќе учествуваат 28 репрезентации кои се поделени во четири барабани, од кои ќе бидат формирани седум групи. Првите две репрезентации од секоја група ќе се пласираат на континенталниот собир во 2016 година во Полска, како и најдобро третопласираната репрезентација.
Според составот на барабаните, Македонија има одлична можност да продолжи со учество на големите натпреварувања.

Барабан 1: Данска, Шпанија, Хрватска, Франција, Србија, Унгарија и Словенија.

Барабан 2: Исланд, Германија, Македонија, Русија, Шведска, Белорусија и Норвешка.

Барабан 3: Австрија, Чешка, Црна Гора, Словачка, Литванија, Португалија и Холандија.

Барабан 4: БиХ, Израел, Летонија, Швајцарија, Украина, Турција и Финска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top