| четврток, 6 декември 2018 |

Дневна агенда на Заев и на Шекеринска

secerinska (Custom)

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ја почнува посетата на Струмичко, во село Ново Село, каде што ќе пристигне во 14 часот и ќе има обраќање на јавен собир, кој ќе се одржи пред Домот на културата.

Во 15 часот претседателот Заев продолжува во селото Мокриево, каде што ќе оствари средби со тамошните жители и посети на домаќинствата. Подоцна, во 15.20 часот, претседателот Заев ќе има обраќање на јавен собир пред Домот на културата во Мокриево.

Во 16.15 часот, претседателот Заев ќе пристигне во село Сарај, каде што ќе оствари средби со локалното население. Во 16.50 часот, претседателот Заев ќе оствари средба со партиски активисти и ќе додели партиски книшки на нови членови во ОО СДСМ Босилово. Подоцна, во 17.10 часот ќе се обрати на граѓански собир на плоштадот пред училиштето во село Босилово.

Во 18 часот претседателот Заев и заменик-претседателката Шекеринска ќе пристигнат во Струмица.

Во 18.30 часот ќе се одржи собир на граѓани во ОУ „Никола Вапцаров“, на кој обраќања ќе имаат претседателот Заев и заменик-претседателката Шекеринска.

Во 19.15 часот, Заев и Шекеринска ќе се обратат на собир на граѓани во Турско маало.

Во 20.30 часот, собир на граѓани ќе се одржи во селото Муртино, каде што пред жителите програмата „Промени – за нов почеток“ ќе ја презентираат претседателот Заев и заменик-претседателката Шекеринска.

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска со почеток во 14 часот е во село Пиперево. Таму ќе оствари средби со граѓани, а ќе се одржи и јавен собир, на кој Шекеринска ќе има обраќање.

Во 15 часот Шекеринска ќе има средби со граѓани и обраќање на јавен собир во селото Градошорци, а во 16 часот ќе оствари средби со жителите на село Банско. Средбите продолжуваат и во селото Куклиш во 16.40 часот и во село Вељуса во 17.15 часот.

Во 18 часот заменик-претседателката Радмила Шекеринска се приклучува на агендата на Заев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top