| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкуловска во Кумановско, Милошоски во Охридско

VMRO-SKOPJE-10

Носителката на изборната единица 2, г-ѓа Гордана Јанкуловска, денеска ќе го посети кумановскиот регион. Еве ја агендата на Јанкуловска:

  • Во 12 часот ќе се одржи средба со вработените во „Филип Фрос“, општина Куманово.
  • Во 13 часот ќе се одржи средба со членството на УМС кафе Перон, општина Куманово.
  •  Во 13.45 часот ќе се одржи средба со населението од Доброшане и Вера Которка, .пштина Куманово.
  • Во 15 часот ќе се одржи средба со населението од  Зелен Рид, Гоце Делчев и Проевце, општина Куманово.
  • Во 18 часот ќе се одржи посета на с. Жегљане и с. Сепанце на отворено, општина Старо Нагоричане.
  • Во 19.30 часот ќе се одржи средба со населението од  с. Пелинце на отворено, општина Старо Нагоричане.
  • Во 20.45 часот ќе се одржи средба со населението од  с. Драгоменце на отворено, општина Старо Нагоричане.

Носителот на листата за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица, Антонио Милошоски, и кандидатите за пратеници од Охрид, Сашо Василевски,  Александар Николоски и Љубен Арнаудов, денеска во 11 часот во ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид ќе одржат прес-конференција на која ќе ја претстават изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ (2014-2018).

Во 12 часот е предвидено кандидатите за пратеници да се сретнат со пазарџиите во Охрид, додека во 13 часот ќе се упатат на прошетка низ чаршијата и средба со здруженијата на бродари и кајчари во градското пристаниште.

Посетата ја продолжуваат во н. Железничка во 15 часот, н. Радојца Новичиќ во 16 часот, с. Долно Лакочереј во 17 часот и с. Горно Лакочереј во 18 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top